Фудбал
Тотенхем зеде кредит од 200 милиони евра за да ја „преживее“ пандемијата од коронавирус
Англискиот фудбалски клуб Тотенхем, зеде кредит од 175 милиони фунти (скоро 200 милиони евра) за да ја преживее кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Како што пишуваат медиумите, клубот ќе загуби околу 200 милиони евра бидејќи до крајот на сезоната натпреварите ќе се играат без публика.
Премиер лигата продолжува на 17. јуни.