Фудбал
Ибрахимовиќ ќе биде подготвен за дерби со Јувентус и Лацио?
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ би требало да се опорави од повредата на време за натпреварите во Серија А против Лацио и Јувентус.
Ибрахимовиќ (38) се здоби со повреда на листот, по што кратко отпатува за Шведска, а се врати во Милано оваа недела.
Неодамнешните прегледи покажаа дека нема компликации со повредата на Златан, но дека искусниот напаѓач сепак ќе ги пропушти првите натпревари од продолжението на сезоната во Серија А.
„Кориере дело Спорт“ открива дека Златан сепак треба да биде подготвен за големите натпреварит што ги очекува неговиот Милан во Серија А на почетокот на јули.
Милан треба да го посети „Олимпико“ и да се натпреварува со екипата на Лацио на 4 јули, а три дена подоцна е домаќин на Јувентус на домашен терен.
Ибрахимовиќ најверојатно ќе ги промаши првите три или четири натпревари од продолжението на сезоната во Серија А, како и возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија против Јувентус.
Серија А официјално продолжува на 20 јуни.