Connect with us

Фудбал

Наскоро ќе започнат преговорите за договорот на Меси

Преговорите за продолжување на договорот на Лионел Меси со Барселона конечно би можеле да започнат овој месец.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, се обиде неколку пати да започне преговори за продолжување на договорот на Аргентинецот со клубот по 2021 година, но тие се одложени од различни причини.

„Копе“ сега тврди дека разговорите/преговорите би можеле да започнат уште следната недела.

Сепак, прелиминарните рунди на преговорите најверојатно ќе се одржат ова лето, додека потписот, доколку се постигне договор, би можел да падне следната сезона.

Во име на клубот, преговорите ќе ги води самиот Бартомеу, на кого ќе му се придружи Оскар Грау, извршен директор. Меси ќе го претставува неговиот менаџер.

Наводно, Меси сака да ја задржи опцијата во случај на продолжување на соработката, што на крајот на секоја сезона му дава можност да ја прекине соработката. Ова е опција што Меси ја има во тековниот договор.

Меси ќе наполни 33 години во јуни, и иако во моментов е во добра форма, сака да биде сигурен дека може да ја заврши кариерата во Барселона во добра состојба, кога ќе заклучи дека веќе не може да игра на ниво каде што би сакал.