Connect with us

Фудбал

Игуаин го пропушта дербито

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, најверојатно ќе го пропушти мечот против Милан поради повреда на мускулот.

Игуаин е само еден во низата играчи на Јувентус кои имаат проблеми со повреда. Аргентинецот неодамна се врати во Торино и се подготвува за продолжување на сезоната, но евидентно е дека тој пристигна со вишок тежина, а му беше оштетен и мускул.

Неговиот проблем не е сериозен, но доволно за да го пропушти реваншот од полуфиналето на Купот против Милан, кој се игра на 12 јуни во Торино.

Иднината на Игуаин во Јувентус е сè уште неизвесна, но наводно на 32-годишниот играч му било кажано од тренерот Маурицио Сари да се фокусира на помагање на Јуве да ја заврши сезоната на високо ниво пред да се осврне на сопствената иднина.