Фудбал
Промашувањето на Арсенал заминува во Лестер?
Носењето на Киеран Тирни се покажа како неуспех за Арсенал.
Минатото лето, лондонскиот клуб издвои дури 27 милиони евра за купување на Тирни, со надеж дека ќе има засилување, но на крајот не испадна тоа.
Тирни досега има големи проблеми со повредата во текот на епизодата на „Емирати“, а сега Шкотланѓанецот стана и „технолошки вишок“.
Медиумите во Англија пишуваат дека одлуката била на тренерот Микел Артета кој дал зелено светло за неговата продажба и тоа, се разбира, го разбуди интересот на неколку клубови. Еден од нив е Лестер кој во него гледа замена за Бен Чилвел.
За пристигнувањето на Тирни инсистира Брендан Роџерс кој е многу добро запознаен со неговите квалитетни со оглед дека во минатото го тренираше во Селтик.
Според „Transfermarkt“, вредноста на Тирни е проценета на 20 милиони евра.