Фудбал
Што се случува со овој човек? Џејдон Санчо прави неред!
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо прави голем неред.
Санчо заедно со неговиот тимски колега Мануел Аканџи беше казнет од Фудбалската асоцијација на Германија за кршење на протоколот.
Тие вчера објавија видео со кое се гледа како имаат посета на фризер во нивниот дом. Според правилата за продолжување на сезоната, тоа е забрането, па фудбалерите на Борусија добија казна.
ДФЛ денеска соопшти дека фудбалерите се казнети, но не ја наведоа сериозноста на таа казна, но очигледно 20-годишниот Англичанец, кој реагираше на Твитер, не го сакаше тоа.

Тој ја нарече одлуката на ДФЛ смешна и веројатно создаде нови проблеми за себе и казната може да биде уште поголема.
Покрај Санчо и Аканџи, германскиот „Билд“ изјави дека забранетите услуги на фризери ги користеле и Рафаел Гуереиро, Торган Хазард, Аксел Вирсек и Ден-Аксел Загаду.