Фудбал
Снајдер: Можев да бидам како Меси и Роналдо, но не сакав
Поранешниот холандски интернационалец Весли Снајдер изјави дека неговата кариера може да биде далеку поуспешна.
Снајдер стави крај на својата фудбалска приказна во август 2019 година, а денес кога се пензионира е свесен дека неговата кариера можеше да се развие на подобар начин, доколку тој беше попрофесионален.
Тој може, како што вели, да биде на ниво на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Можев, но едноставно не сакав. Уживав во животот. Лионел и Кристијано се сосема различни. Тие жртвуваа многу за своите кариери, но сепак не жалам за ништо. Повторно имав одлична кариера“, рече Снајдер во интервјуто за „Ди Марсија“.
Снајдер ја заврши кариерата во Доха, или Ал-Гарафи, каде замина чисто од финансиски причини кога веќе се чувствуваше заситен.
Фудбалската приказна на Снајдер започна во Ајакс, а во Европа тој уште играше за Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница. Тој успеа да освои повеќе од 20 трофеи во својата кариера, вклучително и Лигата на шампионите.