Фудбал
Деновите на вистината се пред Манчестер Сити, сè ќе се знае на 10 јуни
Следната недела ќе биде донесена одлука за жалбата на Манчестер Сити против одлуката на УЕФА за забрана за настап на еропските натпреварувања.
Сити ја обжали одлуката на УЕФА до Меѓународниот арбитражен суд за спорт (CAS) и доколку не биде прифатен, „граѓаните“ следните две сезони ќе останат без натпревари во Лигата на шампионите, односно натпреварите во УЕФА.
Клубот исто така е казнет со 30 милиони евра за нарушување на финансискиот фер-плеј во периодот од 2012 до 2016 година.
Патем, CAS ќе ја донесе одлуката на 10 јуни, па следните неколку дена се од големо значење за иднината на англискиот шампион. Доколку жалбата биде одбиена, петтопласираниот тим од Премиерлигата ќе се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.
За потсетување, сезоната во Англија продолжува на 17 јуни.