Connect with us

Фудбал

Хозе Каљехон избра нов клуб

Искусниот крилен напаѓач на Наполи, Хозе Каљехон, наводно, одбива нов договор, бидејќи е подготвен да се врати во Шпанија.

Каљехон треба да стане слободен агент на крајот на сезоната, а веќе неколку месеци, 33-годишниот играч одбива да ја продолжи соработката со Наполи.

Тој пристигна во Неапол во 2013 година од Реал Мадрид и одигра дури 336 натпревари за Наполи, постигнувајќи 80 голови со 77 асистенции. Сепак, со Џенаро Гатусо, тој падна во втор план, па сега реши да се пресели во Валенсија.

И Севиља исто така го сака, но, наводно, играчот веќе ветил на Валенсија дека ќе дојде на крајот на сезоната.