Фудбал
Арсенал се поигра со ривалот во подготвителниот натпревар и ја наполни мрежата до врв
Арсенал го совлада Чарлтон со 6:0 денес во подготвителниот натпревар на „Емирати“.
Англиските клубови добија дозвола да играат натпревари зад затворени врати, а судии беа тренерски персонал од двата тима.
Арсенал уште во првото полувреме потврди дека е подобар тим. Лаказет и Аубамејанг погодија за 2:0 по првите 45 минути, а потоа мрежата на Чарлтон беше „изрешетана“ до крајот.
Еди Некија го отвори второто полувреме со гол за 3: 0, истиот играч го постигна четвртиот и петтиот гол и на тој начин дојде до хет-трик.
Конечните 6:0 ги постави Џо Вилок во последните моменти од натпреварот.