Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бензема го „трзна“ Рамос толку силно што капитенот на Реал падна на зeмја

Фудбалерите на Реал Мадрид веќе извесно време тренираат во тренинг кампот „Валдебабас“, а првиот официјален натпревар по повеќе од два месеци ќе го одиграат за седум дена против Еибар.

Екипата на Зинедин Зидан вчера одигра дуел на теренот на Алфредо Ди Стефано, каде ќе ги одиграат домашните натпревари на Ла Лига.

Од фотографиите и видеата објавени на профилот на Твитер на кралскиот клуб, јасно е дека имало натпреварувачки дух на тренинг мечот.

Карим Бензема и Серхио Рамос се најдоа на спротивните страни. За време на еден напад, Французинот го „трзна“ својот капитен и ја испрати топката во мрежата.

Задоволен од она што го направи искусниот напаѓач, ја стегна тупаницата и го прослави голот …