Connect with us

Фудбал

Јунајтед започнал преговори со Ван де Бик

Почнаа преговорите на Манчестер Јунајтед со Ајакс за привлекување на играчот од средниот ред Дони ван де Бик, пишува „Де Телеграф“.

Се веруваше дека клубот од Амстердам се договорил со Реал Мадрид за трансферот на играчот пред почетокот на оваа сезона. Како и да е, поради пандемијата од коронавирус, од „Сантијаго Бернабеу“ ја одложиле исплатата на сумата од 55 милиони евра сè до крајот на кампањата, кога ќе ги добијат парите за ТВ правата.

Токму ова одложување може да го уништи договорот, а Јунајтед веќе стапиле во контакт со нивните колеги од Ајакс.

Директорот на холандскиот гигант е поранешниот голман на „црвените ѓаволи“ Едвин ван дер Сар, што ги олеснува преговорите меѓу двете страни.

Оттаму, тие би се согласиле да го продадат Ван де Бик на Британците, бидејќи брз трансфер ќе им даде повеќе време да најдат соодветна замена.