Connect with us

Фудбал

Интер му понуди договор на Кавани, а тој ги остави без зборови со неговиот господски потег

Фудбалерот на репрезентацијата на Уругвај, Единсон Кавани ќе го смени клубот ова лето, бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на месецот.

Кавани реши да не го продолжи договорот со парижаните, кои веќе нашле замена за него затоа што го купиле Мауро Икарди од Интер. Уругваецот сигурно ќе го смени клубот, а останува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата.

Во претходните недели се шпекулираше дека Интер е најсериозен кандидат за доведување на Кавани, а точно е дека во неколку наврати му понудиле договор. Но, Кавани ги изненади вчера кога одговори дека нема да замине во Меаца.

„Tuttosport“ пишува дека Кавани отворено решил да разговара со лидерите на Интер и искрено им кажал сè. Наводно, тој има преддоговор со Атлетико Мадрид од јануари и ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот клуб.

Наводно, „Tuttosport“ открил дека Интер е воодушевен од господскиот пристап на Кавани, кој веднаш кажа како стојат работите, и рече дека тој не сака да изнуди повеќе пари од клубот затоа што тој пред шест месеци им ветил на челниците на Атлетико Мадрид.