Фудбал
Кој би се надевал на тоа? Шпанците открија кој клуб понуди 100 милиони евра за Фати
Пред неколку дена, медиумите во Шпанија објавија дека Барселона добила понуда од 100 милиони евра за талентираниот играч од средниот ред Ансу Фати.
Не беше кажано кој клуб го одврза кесето во обид да ја донесе млада sвезда која потекнува од Ла Масија, а сега познато е за кој клуб станува збор.
Имено, Манчестер Јунајтед е оној кој понуди вртоглави 100 милиони евра за 17-годишниот фудбалер, но клубот од „Олд Трафорд“ не го доби она што го посакаа, бидејќи Барселона без размислување ја одби понудата.
Фати оваа сезона оствари вкупно 24 настапи за Барса, откако Ернесто Валверде го постави во првиот тим минатото лето.
Патем, неговата клаузула за обештетување во договорот со Барселона изнесува дури 170 милиони евра, што сепак е бројка што Јунајтед и ниту еден друг клуб не планира да ја даде за еден тинејџер.
Јунајтед го смета Фати како алтернатива за Јадон Санчо од Борусија Дортмунд, кого „Ѓаволите“ планираат да го купат и на тоа напорно работат.