Connect with us

Фудбал

Капело „се изјасни“, смета дека Пјаниќ и Лаутаро се совршени играчи за Барселона!

Поранешниот селектор на Италија и познат тренер Фабио Капело ги коментираше потенцијалните трансфери во Барселона на двајца играчи од Серија А, Лаутаро Мартинез и Миралем Пјаниќ.

Капело има тренирано многу фудбалски sвезди во неколку европски гиганти и смета дека и Аргентинецот и Босанецот се одлични играчи кои можат многу добро да се прилагодат на Барселона.

„Мартинез е одличен играч кој се карактеризира со фактот дека многу брзо се движи и може брзо да се најде во позиција да шутира на голот. Тој игра добро со главата, иако не е премногу висок и може да ја погоди топката совршено. Не го велам тоа само затоа што има многу силен шут, но Лаутаро е играч кој може да погоди многу брзо и не му дава време на голманот да реагира. Покрај тоа, тој многу помага во дефанзивата. Тој е играч кој создава притисок, игра агресивно, трча и работи за добарото на тимот“, рече Капело.

Потоа, тој го оцени Пјаниќ, кој веќе некое време се поврзува со Каталонците.

„Пјаниќ е фудбалер кој ми се допаѓа. Тој е играч од средниот ред со висок технички квалитет и прецизност. Како асистент тој не е брз, но има класа. Го гледам како игра пред одбраната, каде игра Серхио Бускетс. Во зависност од поставките што ќе ги користи тренерот, може да игра и на други позиции во средниот ред“, рече Капело.

Италијанскиот тренер, исто така, даде коментар за можното прилагодување на Мартинез и Пјаниќ во Барселона во однос на притисокот и стилот на игра.

„Мислам дека обајцата се подготвени да го прифатат предизвикот во Барселона, а во случајот со Пјаниќ сум сигурен, со оглед дека Јувентус исто така се бори за сите трофеи секоја година и сезоната ја започнува со ваков притисок. Лаутаро е исто така конкурентен играч, исто како Интер што е конкурентен тим, што е докажано оваа сезона на сите натпреварувања. Тие се одлични играчи. Дали тие ќе се прилагодат на стилот на Барселона? Не знам повеќе од ова, тренерот би имал влијание и врз тоа. Затоа не зборувам за тоа, но и двајцата се на многу високо ниво, во Сигурен сум во тоа“, додаде Капело.