Connect with us

Фудбал

Следната недела е ден за одлука за Барселона

Се верува дека сè е формалност, но работите може да се променат преку ноќ.

Барселона подготвува нови договори за нивните клучни играчи, а клубот, наводно, ќе разговара со Лионел Меси за следната недела.

Неговиот тековен договор важи до летото 2021 година, но Барселона сака да се осигури дека на својот капитен и клучен играч му дава нов договор, до летото 2023 година, според кој Аргентинецот наводно би добивал дури 50 милиони евра по сезона.

Се верува дека Меси прифаќа престој во Барселона, но газдите на каталонскиот клуб стравуваат нешто да не тргне наопаку.

Меси имаше клаузула во неговиот договор според кој може да оди бесплатно на крајот на секоја сезона, но за среќа за клубот, тој не ја искористил.