Connect with us

Фудбал

Спировски се сели на Кипар – потпишува за АЕК Ларнака

АЕК Ларнака е новиот клиб на репрезентативецот Стефан Спировски. Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се сели на Кипар и ќе потпише договор со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака.

29-годишниот фудбалер за врска така ќе испроба во уште еден шампионат, откако покрај македонската Прва лига (Пелистер, Работнички и Вардар), настапуваше и во Србија, Бугарија, Унгарија и Израел.