Други спортови
ВИДЕО: Ги копира тренинзите на Тајсон – Поранешниот играч на Јувентус наскоро ќе започне боксерска кариера
Поранешниот играч на Јувентус, Фелипе Мело е сигурно еден од најконтроверзните фудбалери во светот на овој спорт.
Според многумина, Мело можел да има многу поголема кариера, но неговиот темперамент го чинел скапо. По напуштањето на Интер во 2017 година, 36-годишниот фудбалер одлучи да се врати во Бразил и во моментов игра за Палмеирас.
Фелипе Мело е секако фудбалерот кој имал можеби најмногу тепачки на фудбалските терени. Љубовта кон боксот е очигледно голема затоа што Мело реши дека по завршувањето на кариерата ќе се обиде и во овој спорт.
Бразилецот објави видео на социјалните мрежи и покажа дека веќе тренира бокс, и дека неговиот животен сон е да влезе во рингот и да види дали е талентиран за овој спорт.
Тој ги воодушеви своите фанови со тренинзите, а многумина му рекоа дека треба да организира боксерски натпревар што е можно поскоро и да покаже колку знае. Тој претходно откри дека неговиот идол е Мајк Тајсон и дека практикува да тренира како неговиот херој.