Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прекрасен гол на Перишиќ за водството на Баерн во полуфиналето од Купот

Иван Перишиќ не ја дочека пролетта како прв играч на тимот на Баерн, но во полуфиналниот натпревар од Купот на Германија против Ајнтрахт Франкфурт, тренерот Ханси Флик го смести во првите 11.

Хрватскиот офанзивен играч на позајмица од Интер веднаш ја искористи шансата и постигна гол во 14. минута од натпреварот.

Перишиќ се фрли и ја удри топката со главата за водство на германскиот шампион за совршен старт во Минхен.

Погледнете.

Во оваа сезона Перишиќ има постигнато шест гола и осум асистенции на 28 натпревари.