Connect with us

Фудбал

Сите играчи на Барселона мораа повторно да бидат тестирани поради Семедо

Вчера имаше голема паника во Барселона, откако беше дознаено дека Нелсон Семедо ги прекршил правилата.

Семедо се дружел во еден од рестораните во Барселона каде имало над 20 лица. Во Шпанија, ваквите собири се уште се забранети, а Семедо сигурно ќе биде казнет.

Сепак, неговиот потег дополнително ги налути челниците на клубот и го загрози останатиот тим. Поради неговиот невнимателен потег, сите играчи и членови на првиот тим вчера требаше да бидат тестирани уште еднаш.

„Мундо Депортиво“ синоќа објави дека за среќа нема заразени играчи во тимот на Барселона пред судирот со Мајорка.

Семедо беше меѓу тестираните, а за среќа не се зарази и со тоа создаде невиден скандал во клубот.