Фудбал
Дали поранешниот репрезентативец на Англија знае нешто повеќе: Клоп се враќа во Германија и го презема Баерн?
Одамна се шпекулира дека Јурген Клоп би можел да се врати во Германија.
Со Ливерпул, Клоп се наоѓа пред титулата шампион во Премиер лигата, а никој не знае што ќе се случи следно.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Стив Мекманаман, исто така смета дека темпераментниот стручњак ќе патува во Германија.
„Можам да замислам како се враќа во Германија и го презема Баерн. Начинот на кој се води клубот и начинот на кој гледаат германските тренери ми кажува дека неговото заминување таму е реално. Баерн сега има одлични играчи, искусни, но и млади и талентирани“, рече Мекманаман.
Тој истакна дека Клоп не го интересира ниту Реал, ниту Барселона.
Клоп пристигна во Ливерпул во 2015 година. Во Германија ги водеше Мајнц и Борусија Дортмунд.