Поврзи се со нас

Други спортови

Абнормални услови пред турскиот ГП: Возачите не можеа да возат (ВИДЕО)

Макс Верстапен беше прв на првиот тренинг пред Големата награда на Турција, но резултатите овојпат беа во втор план.

Возачот на Ред Бул го одработи првиот тренинг со време 1: 35.077 и го остави зад себе својот совозач Акександер Албон со 0.241 секунда предност, додека трет беше Шарл ЛеКлерк од Ферари (+0.430).

Патеката беше неверојатно лизгава и возачите буквално лизгаа со болидите на неа. Во првите минути од тренингот, на возачите им беше јасно дека враќањето во Турција по девет години не изгледа како најдобар потег.

Поради новата подлога, тие буквално се „лизнаа“ по патеката. На возачите им беше премногу тешко да ги контролираат болидите, дури и при мала брзина. Резултатот беше бројни пируети, но за среќа никој од возачите не го оштети болидот.

loading...

Facebook