Connect with us

Фудбал

Абрамович му забранил две работи на Сари

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович поставил два апсолутни услова за новиот менаџер Маурицио Сари, тврди британскиот таблоид „Сан“. Италијанецот нема право да носи патики на денот на натпреварот и да пуши на стадионот.

Во средата, наследникот на Антонио Конте официјално беше претставен во медиумите и носеше елегантен костум.

Во Италија, „пушачот“ Сари на аут-линијата беше вообичаена глетка за навивачите и новинарите.

Рускиот милијардер го повикал Сари да внесе „британски манири“ во неговата нова улога.