Фудбал
Абрамович одбива да ги уплати парите на Украина од продажбата на Челзи- веднаш се огласи британската влада!
Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот богаташ Роман Абрамович, одбива да ја потпише уплатата со која 2,3 милијарди фунти од неговата продажба на клубот треба да и се исплатат на Украина, жртвите на руската агресија. Според англиските медиуми, во Лондон се стравува дека парите никогаш нема да одат кај Украинците откако Абрамович бил принуден да го продаде клубот од кој направи европски гигант, а сето тоа поради стравот дека може да биде санкциониран. Абрамович, кој е познат и по блиските врски со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, мора да стави потпис на трансферот на тие пари во Украина, но досега не сакаше да го направи тоа. Неговото барање е парите да се поделат и на Русија, а не само на Украина, пишува „Дејли мејл“.
IN THE MONEY: Abramovich is refusing to sign off on the £2.3bn Ukraine is due to receive from the sale of Chelsea
Read More 👉 https://t.co/YJaiDfXUbr pic.twitter.com/0XTfPmWO5P
— Mail Sport (@MailSport) June 17, 2023
Извори од британското Министерство за надворешни работи потврдија дека тоа е точно и потсетуваат на зборовите на државниот секретар Џејмс Клеверли, дека нема гаранции дека парите ќе бидат префрлени пред следниот месец.
„Сакаме да се увериме дека парите ќе бидат префрлени на сметките на оние за кои се наменети. Ни треба целосна безбедност“, рече тој.
Претходно имаше најави дека парите ќе бидат префрлени минатото лето, а потоа и во јануари годинава, но тоа не се случи.