Connect with us

Фудбал

Адеми дебитираше во новиот тим, играше во напад, избори пенал, се спасија од пораз!

Аријан Адеми го одигра својот прв натпревар за Пекинг Гуан, клубот во кој дојде од Динамо Загреб на крајот на минатиот месец. Во првото коло од кинеската Суперлига неговиот тим одигра 1:1 против Меижу Хака. Адеми и компанија губеа од 19. минута, кога Је Чугуи погоди за водство на гостите, а израмнија во 54. минута. Адеми изнуди пенал кој го реализираше Жанг Ксиже.

Адеми, кој помина 13 години во Динамо и беше незаменлив во средниот ред, играше на позицијата напаѓач, а еден период од натпреварот и зад напаѓачот како десетка. Според Sofascore, 31-годишниот Македонец бил најслабо оценет играч (6,4) на својот тим.