Фудбал
Адеми со Динамо на чекор до Лигата на шампионите
Екипата на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми Динамо Загреб со вечерашната победа од 1:0 над Астана со вкупен резултат од 3:0 го елиминираше противникот и обезбеди пласман во плеј офот од Лигата на шампионите. Стрелец на голот беше Марио Гаврановиќ во 74.минута.
Адеми го одигра целиот натпревар.
За пласман во групите Динамо загреб ќе игра против швајцарската екипа Јанг Бојс.