Поврзи се со нас

Кошарка

Адетокунбо вторпат по ред прогласен за најкорисен играч во НБА

Орландо, 18 септември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо е прогласен за најкорисен играч во сезоната во НБА.

Дваесет и петгодишниот грчки репрезентативец одигра 63 натпревари во сезоната 2019/20 и во просек постигнуваше 29,5 поени, 13,6 скока и 5,6 асистенции по натпревар за 30,4 минути.

Во плејофот, Бакс стигна до полуфиналето на конференцијата. Адетокунбо одигра девет натпревари, со просек од 26,7 поени, 13,8 скока и 5,7 асистенции со просечно време од 30,8 минути.

Адетокунбо ја освојува титулата во МВП втора година по ред. Тој е 14-ти кошаркар што ја освоил наградата повеќе од еднаш. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама