Connect with us

Фудбал

„Адидас“ му носи на Реал Мадрид нов галактикос?!

Фотомонтажа Стерлинг во дрес на Реал Мадрид

Реал Мадрид ја освои титулата, прва по пауза од три години. По рестартот на сезоната одиграа фантастично, па ја стигнаа Барселона на табелата. Сега, Зинедин Зидан го подготвува тимот за ЛШ, а таму имаат негатива од 2:1 против Манчестер Сити. Поради тоа тимот на Гвардиола е во блага предност.

Но, токму од редовите на нивниот следен противник може да дојде новото засилување. Според пишувањата на шпанските медиуми, Рахим Стерлинг би можел на „Сантијаго Бернабеу“ следната сезона, а во целата операција се вклучува и „Адидас“.

„Адидас“ е главен снабдувач со спортска опрема на Реал Мадрид, а токму оваа германска компанија пред неколку години помогна Дејвид Бекам да пристигне во Мадрид, а потоа само од дресовите ја врати инвестицијата. Сега во „Адидас“ се убедени дека можат истото да го повторат со Рахим Стерлинг.