Други спортови
АФМ наместо да ја казни ја награди: „Летачката на орли“ избрана за атлетичарка на годината
Атлетичарката Дрита Ислами, која годинава на Европско првенство во Берлин забележа катастрофален резултати притоа направи голем скандал надвор од него, го доби признанието за најдобра ателтичарка во 2018 година од страна на Атлетската Федерација на Македонија и тоа во конкуренција на новата рекордерка во маратон и на 10.000 метри, Адријана Поп Арсова.

Ислами заврши на последното место во квалификациите на континенталниот собир во Берлин, а веднаш потоа, како член на репрезентацијата на Македонија, се фотографираше со „летање орли“ односно со покажување албански иредентистички симбол. Ваквиот потег од страна на атлетичарката предизвика бурни реакции во спортските кругови кај нас, особено што нејзиниот престој во Берлин беше платен од македонската држава и што со својот непромислен потег го прекрши Дисциплинскиот правилник. Таа се соочуваше со суспензија од 12 месеци, но АФМ наместо до крај да го испитаат овој случај и да и одредат казна, тие дополнително ја наградија Ислами со признанието атлетичарка на годината.
Објаснувањето од АФМ е дека се воделе по бодовната табела на Светската атлетска федерација (ИААФ) каде што дури и последното место во квалификациите за ЕП носи повеќе поени од национални рекорди во дури две дисциплини.