Connect with us

Фудбал

Агентот на Бејл откри колку е близу до враќање во Тотенхем, прокоментира и Мурињо

Лондон, 16 септември 2020 (МИА) – Агентот на Герет Бејл изјави дека неговиот клиент е се поблизу до враќање во Тотенхем, но призна дека договорот е тешко да се финализира.

– Близу е, но не и официјално. Тоа е комплицирана зделка, изјави агентот на играчот Џонатан Бенет.

Велшкиот репрезентативец е замрзнат од тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и минатиот месец изјави дека е отворен за враќање во Премиер лигата. Според информациите, покрај „петлите“ интерес за Бејл има и од Манчестер Јунајтед, но тимот предводен од Жозе Мурињо води во борбата за потписот на 31-годишниот фудбалер.

Крилото има уште две години до крајот на тековниот договор со „кралскиот клуб“, откако добива 600.000 фунти неделно во Мадрид. Неодамна имаше информација дека Реал е подготвен да се раздели од него и да плаќа половина од платата.

Менаџерот на „спарс“, Мурињо, исто така коментираше за можниот трансфер.

– Не сакам да одговорам на овој тип прашања. Морам да повторам, но нема да одговарам на прашања во врска со Герет Бејл, бидејќи тој е играч на Реал Мадрид. Јас приоѓам на ова со почит. Дури и кога бев во Реал Мадрид сакав да го привлечам во мојот тим, но тоа беше невозможно. Претседателот на Реал Мадрид го следеше мојот инстинкт и моето знаење и го привлече во клубот кога си заминав. Нема е тајна ова. Мислам дека дури и Герет Бејл го знае тоа. Повеќе нема да зборувам за него, бидејќи тој е играч на Реал Мадрид, изјави тој.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com