Connect with us

Фудбал

Агентот на Дибала стапил во контакт со Тотенхем и Арсенал

Агентот на Пауло Дибала, Хорхе Антун, почна да работи на пронаоѓање на нов тим за Аргентинецот. Договорот на напаѓачот со Јувентус истекува за неколку месеци и стана јасно дека нема да биде продолжен, а ќе стане слободен играч. Ова е причината поради која тој веќе бара нов тим за продолжување на кариерата. Последните информации тврдат дека фудбалерот го насочил вниманието кон Англија, а особено кон лондонски Арсенал и Тотенхем , бидејќи неговиот агент веќе имал првични разговори со претставници на двата клуба, тврди „Кориере дело спорт“.

Арсенал има интерес за Дибала. Во неговото лице „топчиите“ гледаат соодветна замена за Александре Лаказет, кој исто така си заминува со слободен трансфер. Така, Емирати ќе земат нов квалитетен напаѓач без да мора да плаќаат трансфер.

Но, Тотенхем го привлече вниманието и на Аргентинецот, за кој се шпекулира дека е алтернатива на Хари Кејн. Спортскиот директор на Спарс, Фабио Паратичи и тренерот Антонио Конте знаат повеќе од квалитетите на напаѓачот и сакаат да го имаат во својот тим.

Сепак, Арсенал и Тотенхем не се единствените опции пред Дибала, бидејќи агентот направи сериозна турнеја низ Европа за да бара други заинтересирани клубови. Тие двајца ќе седнат да разговараат за сите опции на маса и ќе одлучат во која насока би било најсоодветно да тргне напаѓачот.