Фудбал
Агентот на Меси со одговор до Ла Лига: Клаузулата не важи ако Лионел еднострано одлучи да го раскине договорот
Барселона, 4 септември 2020 (МИА) – Таткото и агент на Лионел Меси, Хорхе, издаде официјално соопштение како одговор на коминикето издадено од Ла Лига на 30 август.
Тој инсистира на тоа дека клаузулата не се применува во случај играчот да одлучи еднострано да го раскине договорот.
– Оваа клаузула е неприменлива кога играчот еднострано одлучи да го раскине договорот на крајот на сезоната 2019/20, рече Хорхе Меси во изјавата.