Connect with us

Фудбал

Агентот потврди: Бејл до крајот на договорот во Реал Мадрид

На крајот од преодниот рок, англиските медиуми објавија дека Герет Бејл е близу до враќање во Тотенхем од Реал Мадрид.

Секако, тоа не се случи, а самиот Бејл неколкупати рече дека ќе биде многу тешко да го напушти Реал се додека не му истече договорот.

Секој смета дека главната причина за сето ова е, се разбира, парите, но агентот на Герет Бејл решил да ја каже својата страна од приказната.

„Не можете да зборувате за работи што не ги знаете. Неколку клубови можат да си дозволат да го доведат Герет Бејл. Тој има одличен живот во Мадрид, на кој се навикна. Не е се во парите, тој треба да размислува за својата сопруга и децата“, рече Барнет.

Потоа се осврна на трансферите во Тотенхем и иднината на неговиот клиент.

„Тој нема да се врати во Тотенхем, тој трансфер е измислен. Тој ќе одработи договорот со Реал Мадрид и дури потоа ќе одлучи што понатаму“, заврши агентот на Герет Бејл.