Connect with us

Фудбал

Агентот пристигна во Милано, Интер му „краде“ засилување на Јувентус

Агентот на Емерсон Палмиери денеска пристигнал во Милано на завршни преговори со Интер. Веста ја потврдиле повеќе извори од Италија, а од порано познато е дека Френк Лампард сака да се откаже од неговите услуги, со цел да го донесе Бен Чилвел од Лестер.

Интересно е тоа што Емерсон е голема желба на Маурицио Сари, кој всушност додека беше тренер на Челзи го донесе во Лондон.

Челзи се надева дека ќе заработи од неговата продажба 30 милиони евра. Хакими е решение за десната бековска позиција, а Емерсон Палмиери на левата, па Конте се чини дека за следната сезона ќе има интересни бекови.