Connect with us

Фудбал

Агентот раскажува за судирите на Лукаку со Солскјаер

Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело, зборуваше за неговото заминување од Манчестер Јунајтед. Тој кажа дека односот на Белгиецот со неговиот поранешен тренер Оле Гунар Солскјаер е добар, и покрај тоа што е напишано во печатот.

„Односот на Лукаку со Солскјаер беше добар. Имаше некои спорови и проблеми, бидејќи Лукаку е број 9, додека тренерот претпочиташе уште еден фантастичен играч како Рашфорд на таа позиција. 

Неговото заминување не дојде заради проблеми со клубот Манчестер Јунајтед, туку да испроба ново искуство. Тој беше среќен во Јунајтед, во еден од најдобрите 3-4 клуба во светот. Тој беше среќен со навивачите, но тој сакаше нешто ново, да се тестира во друг шампионат. Му требаше нов предизвик“, изјави неговиот агент.