Connect with us

Фудбал

Агуеро беше прашан дали повторно ќе игра фудбал, а неговиот одговор расплака многумина

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро беше принуден да ја заврши својата играчка кариера кон крајот на минатата година.

Агуеро летово се пресели од Манчестер Сити во Барселона, но успеа да одигра само неколку натпревари во дресот на каталонскиот клуб.

На крајот на октомври на натпреварот против Депортиво Алавес излезе во финишот на првото полувреме бидејќи се пожали на отежнато дишење, а по деталните прегледи беше утврдено дека Агуеро има проблеми со срцето.

По разговорот со лекарите, тој донел тешка одлука да ја заврши кариерата, а сето тоа го објави на крајот на минатата година.

Агуеро низ солзи изјави дека неговата играчка кариера е завршена, и дека се трудел да не го направи тоа, но едноставно здравјето му е на прво место и тоа е единствената логична одлука.

Поранешниот напаѓач се врати во Аргентина каде поголемиот дел од времето го поминува со семејството, а често е активен на социјалните мрежи каде разговара со своите фанови.

Еден од нив го праша дали размислува за враќање на теренот, а Агуеро искрено призна дека во моментов не може ниту да истрча како што треба.

„Сега кога се обидувам да играм фудбал, многу брзо останувам без здив. Понекогаш се прашувам дали некогаш повторно ќе можам да спринтам. Едноставно чувствувам дека срцето не ми работи како што треба“, изјави Агуеро