Фудбал
Агуеро би можел да направи трансфер што ќе го затресе фудбалскиот свет
Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро можеше да го напушти Манчестер Сити ова лето по девет години.
Агуеро пристигна во Сити летото 2011 година од Атлетико Мадрид за 40 милиони евра, а стана легенда на клубот од „Етихад“. Аргентинецот стана најдобар стрелец во историјата на клубот, но се чини дека дојде време да се збогува.
31-годишниот напаѓач има договор со Сити уште една година, но веќе има шпекулации дека летово ќе го напушти „Етихад“. Има гласини дека постои опција да се врати во Аргентина, но се чини дека се уште е рано за тоа.
Наводно, Агуеро има желба да се врати во Шпанија каде живеел пет години додека играл за Атлетико. Но, како што пишува „Марка“, тој би можел да му забие „нож во грб“ на поранешниот клуб, бидејќи се шпекулира дека тој е мета на Реал Мадрид.
„Марка“ пишува дека Реал покажал голем интерес да го доведе Агуеро во своите редови, што би бил навистина сензационален потег. Сепак, тие сè уште не го контактирале Аргентинецот за евентуалното пристигнување во кралскиот клуб.
Агуеро штотуку откри дека еден ден сака да се врати во Индепендиенте, но очигледно е дека ќе остане во Европа уште некое време. Дали ќе го предаде Атлетико и ќе потпише за Реал останува да се види.