Фудбал
Агуерo доживеа повреда на менискусот, следува пауза до 6 недели
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кун Агуеро претрпе повреда на менискусот во победата над Барнли (5:0) и може да биде отсутен од терените шест недели.
Аргентинскиот напаѓач (32) ќе отпатува во Барселона на специјалистички преглед.
Тој исто така треба да биде подложен на операција таму, по што ќе следи период на рехабилитација.
Ова значи дека Пеп Гвардиола нема да може да смета на одличниот стрелец до крајот на Премиер лигата, но постои можност Кун да се врати на терените за возвратниот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Дуелот со Кралскиот клуб е закажан за 7 август на „Етихад“.
Граѓаните имаат предност од 2:1 од првиот натпревар.