Фото
Агуеро е среќен што е жив, а сега мисли дека ги знае причините поради кои за малку ќе доживеал срцев удар
Серхио Агуеро беше принуден да ја заврши својата играчка кариера на крајот на минатата година.
Аргентинскиот напаѓач летово потпиша за Барселона по заминувањето од Манчестер Сити, но успеа да одигра само неколку натпревари за каталонскиот клуб.
На натпреварот против Алавес кој се одигра на крајот на октомври минатата година, на крајот на првото полувреме имаше проблеми со дишењето, а по дополнителните прегледи беше утврдено дека Агуеро има проблеми со срцето.
На крајот на декември тој во солзи на прес-конференција објави дека е принуден да ја заврши кариерата, а лекарите го советувале повеќе да не игра фудбал доколку сака да остане жив.
Агуеро за аргентинските медиуми откри дека лекарите после се му рекле дека е многу среќен што останува жив, и дека е одлична одлука да не го продолжи натпреварот против Алавес.
“Лекарите на Барселона ми кажаа дека имам неверојатна среќа и дека многу лесно можев да доживеам срцев удар на теренот! Се уште не знам точно што и зошто ми се случи. Допрва треба да ја дознаам причината, а јас ќе го направи тоа“, рече Агуеро.
Тој рече дека лекарите се обидуваат да откријат зошто имал проблеми со срцето со кои досега немал проблеми.
„Има неколку причини, можно е Ковид-19 да ми ги влоши проблемите со срцето или вакцина. Ќе се обидеме да ја дознаеме точната причина“, додаде Аргентинецот.