Фудбал
Агуеро размислува да се врати на теренот: Лекарите ми препорачаа половина година пауза
Серхио Агуеро, кој поради проблеми со срцето се повлече од фудбалот, порано од планираното, кусо по доаѓањето во Барселона, размислува да се врати на теренот. Како што вели тој, лекарите му препорачале да нема активности половина година.
„Овие денови ми падна на памет дека можам да се вратам. Лекарите ми препорачаа половина година да немам никакви активности, но сега почнав да размислувам да се вратам на терените и да се вратам на тренинзи, изјави Агуеро.
Тој би ги следел чекорите на Кристијан Ериксен, кој успешно се врати во Премиер – лигата како член на Бренфторд и во репрезентацијата на Данска, откако преживеа срцев удар на Европското првенство, а потоа му беше вграден дефибрилатор.