Connect with us

Фудбал

Академија Пандев поразена од Младост со минимален резултат

Академија Пандев беше совладана од Младос Добој (БиХ) со резултат од 1:0 на подготвителниот натпревар во Анталија.

Воведните минути на натпреварот им припаднаа на нашата екипа. Имаа две шанси преку Басрак и Костов да дојдат во водство, но голманот на противничката екипа, Велиќ ги скроти нивните обиди.

Победничкиот гол за Младост Добој дојде во 36. минута, а автор на голот беше Хирош.

И двете екипи до самиот крај имаа одлични шанси за гол, но сепак резултатот остана непроменет.