Фудбал
Академија Пандев со старт од соништата, победи забележаа Вардар, Силекс и Работнички
Академија Пандев одлично ја започна новата сезона во првата македонска фудбалска лига. На денешниот натпревар во рамките на третото коло „Пандевци“ на домашен терен ја совладаа екипата на Шкупи со минимални 1:о.
Единствениот гол за Академија Пандев го постигна Диме Димот во 21. минута од натпреварот. Академија Пандев сега е на првото место на табелата со вкупно освоени девет бодови на три натпревари, додека Шкупи со вкупно освоени два бода се наоѓа на осмата позиција на табелата.
Во рамките на 3. коло од ПМФЛ победи забележаа и Вардар и Силекс.
Вардар на домашен терен со минимален резултат ја совлада Македноја Ѓорче Петров, а единствениот погодок го постигна Барсегјан во 41. минута од Натпреварот. Вардар сега се наоѓа на втората позиција со седум освоени бодови, додека Македонија Ѓорче Петров се наоѓа на претпоследната, деветта позиција на табелата со еден освоен бод.
Силек, исто така забележа минимална победа над екипата на Ренова. На овој натпревар победникот беше решен на самиот краја на натпреварот кога во 86. минута Димитар Иванов постигнува дол за победа на Силекс.
Силекс со четири освоени бодови се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Ренова шеста со три освоени бодови.
Нашто посигурна победа успеа да забележи екипата на Работнички, која успеа да ја совлада екипата на Победа со 2:о. Головите за „Романтичарите“ ги постигнаа Стјепановиќ од пенал во 5. минута и Петковски во 60. минута од натпреварот.
Работнички сега со шест освоени бодови е на третата позиција на табелата, а Победа е на петтата позиција на табелата со четири освоени бодови.
Урте во 16:30 се игра последниот натпревар од 3. коло каде Шкендија ја пречекува Брегалница.