Фудбал
Ако Анчелоти го преземе Евертон, по него ќе дојде Ибрахимовиќ
Се чини дека навивачите на Евертон сигурно ќе имаат причина да бидат задоволни во следните недели.
Странските медиуми објавија дека Карло Анчелоти ќе го преземе Евертон, што би било голема работа за клубот.
Тој утре ќе го гледа натпреварот помеѓу неговиот иден клуб и Арсенал.
Ако тоа навистина се исполни, Анчелоти да го преземе Евертон, се чини дека првото засилување е договорено.
Тоа ќе биде искусен напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, кој изрази желба повторно да работи со овој тренер.
Би било голема работа за Евертон, а може да се очекува клубот да добие уште повеќе фанови, но и да настапува многу подобро.