Фудбал
Ако Анчелоти не ја освои Лигата на шампионите, Перез го носи човекот што го посакуваше повеќе од Зидан?!
Флорентино Перез не е задоволен од тоа што Барселона е прва во Шпанија, го освои шпанскиот Суперкуп, Ла Лига е на дофат, има предност и во полуфинале од Купот на кралот пред реваншот на „Камп Ноу“ .
Перез никогаш не толерираше Барселона да биде пред Реал, дури и кога Мадрид ја освои Лигата на шампионите, но ситуацијата беше поинаква.
Кадена СЕР пишува дека Перез веќе идентификувал потенцијална замена за Анчелоти и дека тоа ќе биде – Маурисио Покетино!
Медиумите по којзнае кој пат ги поврзуваа Покетино и Реал Мадрид, но досега никогаш не било вака возможно, пред се затоа што Аргентинецот нема работа.
Тој претходно беше во Париз, а во летото 2018 година кога Зинедин Зидан првпат реши да си замине, не можеше да го напушти Тотенхем.
Сега вратата му е отворена, а пишува дека Анчелоти ќе добие отказ доколку не ја освои Лигата на шампионите, бидејќи Перез наводно верува дека на тимот му е потребна нова енергија. Покрај тоа, Анчелоти гледа и кон репрезентацијата на Бразил, што е можност да се испроба како селектор во една од најсилните селекции.
Се споменуваше дека Јулијан Нагелсман би можел да замине во Реал, но можеби уште е рано, иако е слободен по отказот од Баерн. Можеби осцилациите во Минхен кои доведоа до отказ покажаа дека му треба уште искуство за клубови од самиот врв.