Фудбал
„Ако Барселона го донесе Лукаку, нема да гледам ниту еден нивни натпревар повеќе“
Колку и да звучи чудно, со трансферот од Интер во Челзи, Ромелу Лукаку направи голем чекор назад во кариерата.
Лукаку се надеваше дека неговиот втор мандат на Стемфорд Бриџ ќе биде многу подобар од првиот, но сонот стана кошмар.
Лукаку со месеци е тотално надвор од форма. Некогаш постигнува и по неколку голови, но за неговиот статус во тимот доволно говори фактот што Томас Тухел не го користи на најважните натпревари.
Доколку може, би сакала да се врати во Интер, подготвен е и за големо намалување на платата, но прашање е колку навистина го посакуваат во миланскиот клуб.
Последните денови се појавија информации дека 28-годишниот фудбалер е и на радарот на Барселона, која бара напаѓач откако не успеа да дојде до Ерлинг Халанд, а прашање е дали ќе потпише и Роберт Левандовски.
Евентуалниот трансфер на Лукаку во Барселона го коментираше и Антонио Касано, контроверзниот играч кој се воодушевува на играта на каталонскиот клуб.
„Вљубен сум во филозофијата на Барса, но ако го доведат Лукаку, нема повеќе да гледам ниту еден нивни натпревар“, изјави поранешниот италијански фудбалер.
„Значи, тој не успева да комбинира три додавања во Челзи каде што нема конкуренција, а во Барселона прават 55 додавања пред да стигнат до целта, како би можел да се снајде таму?“, додаде Касано.
Иако е платен огромни 113 милиони, Лукау има навистина слаб учинок за неговите стандарди оваа сезона. На 40 настапи постигна 12 гола.