Фудбал
„Ако лигата не се комплетира, не можете да му дадете титула на Ливерпул …“
Англиската Премиер лига не остана имуна на коронавирусот, што го прекина ова натпреварување.
Челниците на Премиерлигата, после часови расправа, сепак решија да ги суспендираат сите фудбалски натпревари на Островот, иако се зборуваше дека тие нема да ја прекинат лигата затоа што Велика Британија не била толку погодена од коронавирусот како и некои други земји.
Засега, лигата е суспендирана до 3. април, но големи се шансите рокот да биде дополнително продолжен.
Тимот на Клоп има голема предност од 25 поени во однос на второпласираниот на табелата, екипата на Манчестер Сити, а потребни им се само уште шест поени за математички да ја освојат титулата што ја чекаа веќе три децении.
Легендарниот Алан Ширер смета дека лигата треба да се откаже и дека титулата не треба да му се даде на никого, а исто така ниту еден тим не треба да испадне.
“Ако, и тоа големо ако, сезоната не може да заврши таа дефинитивно не може да има победник и губитник. Ако не можете да ги завршите сите натпревари, тогаш не можете да доделите титула или да имате некој надвор од лигата. За Ливерпул, тоа би било неверојатно сурово. Потребни им се само шест бода за официјално да ја освојат титулата, би било сосема поинаку ако веќе имаа бодови за да ја освојат “, смета најдобриот стрелец на Премиер Лигата на сите времиња.
Утре се очекува состанок на челниците на УЕФА, по што треба да се знае судбината на фудбалот на Стариот континент.