Connect with us

Други спортови

„Ако на тимот не му биде дозволено да влезе поради коронавирусот, трката нема да се одржи“

Ферари потврди дека ќе биде со целиот персонал во Мелбурн, каде трката за Големата награда на Австралија на Формула 1 ќе се одржи на 15 март, прва сезонска трка. Сепак, во Италија, коронавирусот станаа голема закана, па на големо се шпекулира дека на италијанскиот тим можеби нема да му биде дозволено да учествува на трката.

Директорот на трките, Рос Браун, зборувајќи за ова прашање, и кажа:

„Ако на тимот не му е дозволено да учествува во држава во која трката се вози поради коронавирусот, тогаш таа трка нема воопшто да се одржи. Кој и да е тој тим. Прашањето се менува само ако тимот не сака да биде во таа состојба, односно по своја волја поради страв од коронавирусот“.

„Признавам дека се соочуваме со тешка ситуација и како лидери имаме многу одговорност. Секој во Формула 1 сака да ја заврши својата работа, она што ја одржува нашата страст во живот. Сепак, пред сè, човековото здравје е важно. Не можеме да правиме предвидувања, бидејќи ситуацијата се развива од ден на ден. Ние работиме на тоа да се осигураме дека секоја трка се одвива непречено“, рече Рос Браун,