Фудбал
„Ако не го освоиме ЕП ќе останеме само играчи од Плејстејшн!“
Ѕвездата од Манчестен Јунајтед со интересен коментар за Европското првенство кое треба да започне за неколку денови на стариот континент. Тој вели дека доколку не го освојат ЕП, би останале само како играчи на Плејстејшн.
„Ние мора да останеме цврсто на земја и да не летаме. Гледам сите веќе не прогласуваат за европски прваци, а ништо не е решено. Може да зборувате што сакате, ама ние сме на земја. И, навистина имаме екипа како од Плејстејшн, ама ако не го освоиме Евро, ќе останеме само тоа – екипа од Плејстејшн“, вели Погба.