Connect with us

Други спортови

Ако не те бидува во рингот, ќе возиш такси

На најновата листа на Форбс со најплатени спортисти во светот се најдоа четири боксери, од кои највисоко котира Американецот Флојд Мејведер. Тој беше на врвот во 2012, 2014 и 2015 година. Неговото отсуство во 2013 и 2016 година се должеше на неактивност во рингот од мај 2012 до мај 2013 година. Овој боксер не само што е на врвот на листата, но и неговата заработувачка далеку ја надминува следната највисоко платена спортска ѕвезда.

Еден од начините на кои овој боксер е постојано на врвот на листата е со намерно ограничување на бројот на борби. Од Божиќ 2007 година Мејведер се бореше само десет пати. Возбудата што ја создава неговата ретка појава во рингот резултира со огромна побарувачка за платено емитување и создава приходи далеку над почесто гледаните спортски ѕвезди.

Кога Флојд Мејведер го прифати предизвикот на ММА ѕвездата Конор Мекгрегор во август 2017 година, беше најавено дека победникот на таа предвидена борба во Лас Вегас ќе замине дома со најмалку 100 милиони долари. Не е ни  изненадување што Мејведер, кој го нокаутираше својот противник во десеттата рунда, е на првото место на листата со годишна заработка од 285 милиони долари.

Имено, постојат околу 20.000 активни професионални боксери, и над 1000 професионални ММА спортисти во светот, од кои на листата се најдоа само четири боксери и еден ММА борец.

Според конзервативна проценка, врз основа на претходните извештаи на Форбс за боксери и ММА спортисти со висока заработувачка, има само 19 боксери кои можат да остварат годишни плати во износ од над два милиони долари. Тоа се само 0,09 проценти од боксери на високо платените места. Но, реалноста е дека огромното мнозинство боксери живеат од борба за борба.

За поголемиот дел боксери заработката од една борба обично се движи од 300 до 1.000 долари. Најчесто, самите ги продаваат билетите за борбата. Најуспешните меѓу нив успеваат да стигнат до околу 4.000 до 6.000 долари за меч. Во текот на годината, добар боксер на ниво на почетник, би можел да биде вклучен во шест борби, што би му овозможило заработка од околу 30.000 долари пред оданочување. Откако ќе ги одземете даночните и тренерските трошоци, анализите сугерираат дека боксерите на ниво на почетници може да земат околу 20.000 долари од својата заработка во рингот. Токму поради оваа мала заработувачка боксерите честопати дополнително работат како таксисти, ѕидари, молери…

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com