Connect with us

Фудбал

Ако ништо друго, Серхио Рамос барем си освои титула и сними видео порака (ВИДЕО)

Иако требаше да биде големо засилување за ПСЖ, сепак Серхио Рамос не ги оправда очекувањата, пред се поради тоа што не играше многу. Главната причина беше повредата, а по враќањето никако да влезе во форма. Како и да е, најави дека ќе остане уште една сезона, да се бори за трофејот во ЛШ, а оваа сезона ако ништо друго, барем му се брои дека со ПСЖ освоил титула и добил можност да испрати шампионска порака до фановите од „Паркот на Принцовите“.